Извршниот директор на Борусија Дортмунд Ханс-Јоаким Вацке се обидел да го врати менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп на „Вестфален“ минатото лето. Тоа го откри Клоп во интервју, а прво мислел да е шега, некаква „скриена камера“.

Ми заѕвоне телефонот и ми се јави Вацке. Ми рече дека сака да се вратам во Дортмунд. Се насмеав, мислев дека е некој мајтап. Го прашав: „Пријателе, да не си пијан?“. Како дојде до таа идеја. Имам договор со Ливерпул уште две години“, раскажува Клоп во новата книга на Вацке: „Вистинска љубов. Еден живот со Борусија Дортмунд“.

Вацке дополнува: „Знаев дека ќе ми откаже, затоа што има намера да го одработи договорот со Ливерпул. Тој секогаш ги исполнува договорите до крај. Таков е. Но, сепак, решив да го прашам дали сака да тргне со нас по нов пат. Немаше да си простам, ако не го прашав“.

Разделбата со него во 2015. година беше грешка. Веројатно ќе беше подобро да го променевме целиот тим и да го задржевме тренерот. Затоа што и тогаш бев свесен дека нема да најдеме друг ваков тренер, но ќе можеме да најдеме нови добри играчи. Тогаш јас и сите околу мене почувствувавме дека Јирген не сака продолжи овде. Не сакавме со сила да го држиме, му дозволивме да оти по друг пат“, додаде Вацке.