Македонија во овие квалификации игра главна улога. Во игра и натаму е за пласман на Европско првенство, а да добиеше уште некој бод (дома против Полска и на гости со Израел), тогаш салдото сега ќе беше поголемо.

Како и да е, дефинитивно после Словенија покажавме дека можеме против секого со оваа генерација. Со Елмас дијамантот и со Пандев, со Несторовски, Ристевски, Ристовски, Адеми и останатите кои ја добија Словенија.

Нервозата пред крајот на првиот дел не влијаеше, па во вториот дел со ладни глави со два гола и конечен „потоп“ на Словенците. Така се игра за Македонија.