Во пресрет на вечерашниот дуел меѓу Македонија и Словенија во рамките од 7.коло во Групата Г, еве некои интересни бројки и факти врзани за овој натпревар.

– Вечерва Македонија и Словенија ќе го одиграат својот шест натпревар. Досегашниот биланс е три победи за нас, едно реми и само еден пораз. Значи си ги „мачкаме“ Словенците по обичај

– Од оние што ќе истрчаат вечерва на теренот на Арената, ниту еден и нема дадено гол на Словенија. Барди, кој беше стрелец на Стожице во март, е повреден. Од друга страна Миха Зајц ја тресел нашата мрежа, се очекува тој да игра за Словенија

– Горан Пандев ќе го одигра 106 натпревар за Македонија, се очекува да го постигне својот 35 погодок или прв против Словенија. Стефан Ристовски, ако игра, по 49 пат ќе го понесе дресот со државниот грб

– Игор Ангеловски по 34 пат ќе ја води Македонија, тој пак ја посакува 15 победа како селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација

– Македонија вечерва по 113 пат ќе игра како домаќин во својата земја, а по 102 пат на Националната Арена „Тодор Проески“. Покрај Арената, нашата репрезентација во изминатите 25 години била домаќин и на „Гоце Делчев“ во Прилеп (5 меча), „Благој Истатов“ во Струмица (3), Градски стадион во Тетово (1), „Никола Мантов“ во Кочани (1) и Градски стадион во Куманово (1)

– Првиот меч како самостојна репрезентација го одигравме токму против Словенија, и тоа на 13 октомври 1993 година. Тогаш во Крањ беше 4:1 за нас

– Словенија според Трансфермаркт вреди 159 милиони евра, но само Јан Облак вреди 100 милиони. Македонија има пак вредност од 64 милиони, значи ако не го сметаме голманот на Атлетико Мадрид, играчите на Македонија се со поголема вредност

– Селекторите Ангеловски и Кек по вторпат ќе имаат тренерски дуел, првиот заврши 1:1 во Љубљана. Интересно е тоа што тие пред 20 години во Словенија се сретнале меѓусебе и како играчи, тогаш Мрме играше за Публикум а Кек за Марибор. И тогаш мечот завршил без победник. А како ќе биде вечерва?