Македонската фудбалска репрезентација до 21 година со победа се враќа од гостувањето кај Црна Гора. Избраниците на селекторот, Благоја Милевски среде Подгорица славеа со 2-1 и по 2. коло се на првото место во групата.

Задоволството е големо, но предводникот на нашите надежи вели дека мора да се заборави триумфот и веќе да се мисли на мечот против Казахстан.

„Честитки за фудбалерите. Посакувам само да продолжи да не краси овој пристап. Момците максимално сериозно влегоа во натпреварот и успеавме да ја оствариме целта.
Имаме уште многу работи за поправање во играта, но добро е што победуваме и кога има одредени недостатоци во играта. Тоа ќе се обидеме да го поправиме на следните натпревари.
Овој дуел во Подгорица го забораваме и уште вечерва се концентрираме на домашниот натпревар против Казахстан”, изјави Милевски по триумфот.