Стратегот на Болоња, Синиша Михајловиќ го заврши и вториот циклус на хемотерапија и по две недели е отпуштен од болница.

Тој преку видео порака прво се извини, а потоа и им се заблагодари на фановите.

„Жал ми е што не можев да бидам на натпреварот меѓу Болоња и Реал Мадрид, но излегов од болница и навистина сакам да бидам дома со сопругата и децата. Се надевам дека ме разбирате. Ви благодарам за поддршката која ми ја давате и што останавте покрај мене во текот на сето ова. Се борам со оваа болест и сега добро се чувствувам и ќе излезам како победник од сето ова“, порача Михајловиќ.

Михајловиќ во јули го шокираше светот кога на прес-конференција соопшти дела боледува од акутна леукемија. Но и покрај битката за живот, тој беше на клупата на Болоња на два натпревари во Серија А.