Одбојкарската федерација на Македонија се огласи во пресрет на вечерашниот квалификациски дуел за ЕУРО 2020 во кој нашата најдобра фудбалска репрезентација ја пречекува Словенија на арената „Тодор Проески“.

„И посакуваме многу среќа на фудбалската репрезентација на Македонија. Се надеваме дека ќе остварат минимум идентичен резултат како нашиот на ЕуроВолеј“, стои во поддршката на ОФМ до нашите фудбалери.

Колку за потсетување одбојкарите со 3:1 ја совладаа Словенија ја ЕП во Љубљана пред неполн месец, а тоа е резултатот кој најмалку им го посакуваат и на фудбалерите вечерва.