Првиот голем натпревар пред своите фанови во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, Вардар ќе го има в сабота (17:30 часот) против германски Кил. Двата тима се непоразени по три кола во Лигата на шампионите и се на првите две места.

Првиот меѓусебен дуел сезонава во имаа на Супер Глоуб пред месец дена, но сега е се поинаку и за едните и за другите.

„Мислам дека ова е еден од најважните натпревари досега сезонава. Ова е натпревар на сезоната за нас! Првиот дуел со Монпеље беше најважен зошто беше прв, но сега е поинаку, прв голем меч дома. Не чека тежок дуел, Киел се наоѓа во одлична форма. Гледав неколку натпревари од нив и мислам дека сега се уште подобри од оној наш дуел на Супер Глоуб. Не победија тогаш, но и ние имаме многу напреднато за тие месец дена. Играме на домашен терен, пред нашата публика и се чувствувам возбудено како Македонец“, вели стратегот на Вардар, Давид Писонеро.

Прашан за тоа каков меч очекува против Кил сега, тој вели:

„Сум играл многу пати против германски екипи, многу анализиравме, играат типичен германски ракомет. Имаат многу брз начин на игра, сега дури побрз и од Даман, што ни одговара, па побрзиот тим ќе победи.“