Македонија У-21 по првиот дел на квалификацискиот меч во Подгорица, води со 2:1 против домашната селекција на Црна Гора. Квалитетна претстава на момците на Благоја Милевски, блескави 45 минути на Јани Атанасов, кој прво во 14. минута постигна голчиште од слободен удар, за да потоа во 33. минута од пенал донесе водство од 2:1.

Треба да се одбележи и супер играта на Димитар Митревски. Црногорците поведоа во 10.минута преку Скендеровиќ.