Се вратија Иранките на стадионите во Иран. Денеска на „Азади стадионот“ во Техеран околу 3.500 жени беа на трибините за да го проследат фудбалскиот меч помеѓу Иран и Камбоџа од квалификациите за СП 2020 кој заврши со победа на домашните од 14:0.

За првпат после 1979 година на стадионот имаше жени. Притисокот врз Иран од страна на ФИФА даде резултат. ФИФА се закани со суспензија ако не дозволи жени да присуствуваат на машки фудбалски натпревари, па дури се закани дека ќе испрати делегација да гледа дали им е спречено на жените да присуствуваат на стадионите.