Доцна синоќа во Сплит, каде денеска репрезентациите на Хрватска и Унгарија треба да одиграат квалификациски меч за ЕУРО 2020, домашните и гостинските навивачи направиле масовна тепачка.

Според пишувањата на хрватските медиуми, унгарски навивачи се враќале од плажа кон местото на кое се сместени и дошло до судир со домашни фанови, каде повредено е едно лице, а шестмина се приведени, откако било потребна и полициска интервенција.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

„Повреден е еден унгарски навивач, а сериозноста на повредите уште не е позната. Приведени се петмина хрватски државјани и еден унгарски“, информираат од сплитско-далмациската полиција.

Хрватска и Унгарија играат вечерва 20:45 часот на Пољуд.