Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос сака да биде еден од тројцата фудбалери над 23 години кои со Шпанија ќе настапат на ЛОИ 2020 во Токио.

За да го стори тоа Рамос ќе треба да добие дозвола од клубот, со оглед на тоа дека ќе пропушти добар дел од предсезоната и на тимот ќе му се приклучи на само две недели пред почетокот на првенството.

Се чини дека тој е подготвен на таков чекор со оглед на тоа дека сака олимписко злато со Шпанија.

Рамос не е единствениот кој размислува на таа тема. И Килиан Мбапе исто така сака да игра на ЛОИ.