Македонија е на нозе. Нашите фудбалери приредија одлична вечер, зачинета со два гола на Елиф Елмас и најважно добра игра на теренот. Социјалните мрежи се во знакот на „рисовите“, на големо се слави победата над Словенија од 2-1.

Репрезентативците на останатите национални тимови, како и првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ кој од лице место ги бодреше фудбалерите испратија порака.