Елиф Елмас во моментов, според Трансфермаркт, е нашиот највреден фудбалер. Неговата цена од вчера е 17.000.000 евра, досега беше 10 милиони. Што значи дека тој го надмина и Енис Барди, кој остана на тие 15 милиони.

Инаку и покрај големиот скок на берзата, што е очекувано откако направи трансфер во Наполи и е стандарден член на наполитанците, „Дијамантот“ сеуште е втор во историјата, тука мислиме на нашите играчи. Имено Горан Пандев во 2010-2011 година вредеше цели 18 милиони. Сепак не се сомневаме дека во наредните неколку месеци цената на Елмас ќе ја мине таа магична граница од 20 милиони.