Во фудбалскиот свет 2019 година ќе биде запаметена како година во која многу фудбалски легенди одлучија да ги „закачат“ копачките и да стават крај  на кариерата.

Себастијан Швајнштајгер, кој својата слава ја имаше во дресот на Баерн Минхен е последниот во низата кој се одлучи на таков потег.

ЕСПН направи состав од најдобрите 11 ѕвезди кои се збогуваа од активното играње фудбал годинава, а тимот делува неверојатно – Чех, Евра, Хуан, Барѕаљи, Кол, Швајнштајгер, Снајдер, Чави, Робен, Торес, Ето.