Роџер Федерер го осигура своето место во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, откако со 7:6 (9:7), 6:4 во сетови славеше над Белгиецот Давид Гофан во осминафиналната фаза.

Гофан имаше одличен прв сет, па дури и шанса за водство од 1-0 во сетови, на свој сервис, но Швајцарецот го спаси сетот, а потоа и го освои во тај-брејкот.

Во вториот сет Федерер одигра на своето ниво и дојде до 87 мастер победа во својата кариера.

Федерер во четвртфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Германецот Александар Зверев и Русинот Андреј Рубљов.