Проблемите со паралелни раководства и федерации во пливањето почнаа да создаваат интернационални проблеми. Првите луѓе на националната пливачка федерација предводена од претседателот Александар Филипчев и дел од членовите на Управниот одбор, денеска на прес-конференција информираа за ситуацијата во македонското пливање и апелираа до државата и Агенцијата за млади и спорт да им стави крај на овие стресни денови за пливачите.

„Единствена федерација за спортови на вода на терироријата на Македонија призната од АМС, ФИНА и ЛЕНА и запишана во Централен Регистар е Националната пливачка федерација на Македонија. Не се работи за двојна или паралелна федерација. Уште на самиот почеток наидовме на проблеми од страна на старото раководство, посебно од поранешниот претседател Александар Маленко кој лажно се преставува како претседател на непостоечка Пливачка федерација на РСМ, која не постои никаде како правно лице, ниту во АМС ниту во ЦР“, вели првиот човек на Националната пливачка федерација, Филипчев.

Тој најави дека Маленко лажно се преставува како претседател на непостоечка и нелегална Пливачка федерација веќе е поднесена кривична пријава.

За проблемите за пливачите и тренерите, отворено зборуваше и Томи Стефановски.

„Секогаш треба да застанеме зад пливачите и зад тренерите, па потоа зад УО и другите. Крајно време е да прекинат овие стресови за децата кои се иднина на нашето пливање. Апелирам до цела држава, итно да се заврши оваа работа, ,која трае премногу долго: Доаѓаат нови првенства, повторно ќе има проблеми и стресови за децата. Јас навистина не разбирам што е целата оваа работа. Многу е едноставно. Побарајте кој е во УО на таа федерација, нека се потпишат сите и нека стават печат и да видиме кој се. Ако нема УО нема Федерација, тоа е многу просто“, вели Томи Стефановски, член на УО на Националната пливачка федерација.