Јани Атанасов е „херојот“ на македонската селекција до 21 година, која вчера во Подгорица оствари голем триумф над Црна Гора во квалификациите, и со девет бода се искачи на чело на табелата во групата. Сега следува со Казахстан, а капитенот Атанасов во изјава за „Спортмедиа“ рече дека сите со гордост и со срце го носат дресот на Македонија.

„Како капитен сакам да им се заблагодарам на сите момци и на цел стручен штаб. Сите сме борци и со срце го носиме овој дрес. Меѓутоа мора да останеме приземјени и да се фокусираме кон натпреварот со Казахстан кој следува“, рече Јани Атанасов за „Спортмедиа“.