Стратегот на Вардар, Александар Васоски со воодушевување говори за настапот на нашиот Дијамант.

Бев на стадион, го гледав настапот на нашата репрезентација и како прво честитки за сите. Голема победа, но сакам и јас да се осврнам на Елиф Елмас. Со ова вечерва тој само ја потврди својата голема, светска класа. Па не бадијала игра во таков тим каков што е Наполи. Според мене само небото е граница на нашиот Елмас. Секоја чест за сите, но јас не можам да се сетам на некој наш играч во историјата на оваа земја кој со 20 години играл така зрело, кој бил главен фактор на наша победа. Мајсторски голови, смирен кога треба, но кога ќе треба тој е „лав“ на теренот. Го познавам уште од дете, го познавам неговото семејство, и јас не сум изненаден од ова што тој прикажува на теренот. Елмас е „гладен“ за успех, тој е „гладен“ за голови, само такви типови на играчи успеваат. Посакувам и натаму да го гледаме со вакви фантастични игри, и верувајте, Елмас може и подобро од ова. Реков веќе, за него нема граница. Секоја чест момче“ истакна стратегот на Вардар.