Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, бил известен од клупските газди дека „топчиите“ оваа сезона мора да изборат место кое води во Лигата на шампионите следната сезона. Ако тоа не се случи, односно Арсенал остане надвор од ТОП 4 на табелата во Премиер лигата, поранешниот тренер на ПСЖ, Севилја и Валенсија нема да остане на „Емирати“ и следната сезона.

Во текот на ова лето, првите луѓе на Арсенал му овозможија на Емери да потроши повеќе од 150 милиони фунти за нови играчи, а амедиумите тврдат дека менаџерот ќе биде отпуштен доколку не успее да ги исполни барањата на раководството.

Директорот за фудбалски операции Раул Санлехи им рекол и на навивачите дека газдите на клубот очекуваат Емери да се квалификува за ЛШ, бидејќи тимот е значително засилен оваа година.