Фенербахче со две победи во низа ја отвори сезоната во Евролига. Турскиот тим вечерва беше поразен на гостувањето кај Црвена Звезда со 68-56 во рамките на второто коло во најелитното европско клупско натпреварување.

„Искрено, повеќе ме изненади мојот тим отколку Звезда. Јас сум човек кој секогаш трга од себе. Прв пат во овие 27 години откако сум тренер влегов во соблекувална и немав што да кажам, не изговорив ниту еден збор. Но, тргам од себе и морам да анализирам зошто се случи ова. Одговорноста е моја. Имавме лош подготвителен период, голем дел од играчите беа со своите репрезентации. Не можам да се жалам на нивната желба на тренинзите. Ова е само втор меч во Евролигата и се надевам дека ова не е најреалната слика“, изјави Обрадовиќ.