По неуспешен старт на нашите надежи до 17 години на претквалификацискиот турнир во Полска за ЕП и поразот од домашната селекција со 3:2, нов проблем за селекторот Горан Станковски.

Според информациите од Торун каде се сместени нашите репрезентативци, во текот на вчерашниот ден дури осум репрезентативци и тројца членови на стручниот штаб се пожалиле на стомачни проблеми. Констатирано е дека најверојатно се работи за стомачен вирус, поради што нашата репрезентација вчера, а и најверојатно денеска ќе тренира со само половина од расположливиот ростер.

Македонија утре ја очекува вториот меч од квалификациите против селекцијата на Белгија, која на премиерата ја растури селекцијата н Лихтенштајн со 12:0.