Македонскиот футсал шампион ги заврши настапите во Лигата на шампионите откако вечерва доживеа убедлив пораз од хрватскиот првак Ново Вријеме. Првакот на Македонија се понадева на уште еден добар настап и победа, но Хрватите беа пресилни и завршија со максимални девет бодови кои ги однесоа во следната рунда.

Екипата на Ново Вријеме победи со 4:2, а Хрватите поведоа во 6. минута со голот на Осредкар, а во 16. Бабиќ зголеми на 2:0. Шкупи намали преку Глигоров, но потоа Мусинов и Бабиќ со својот втор гол обезбедија недостижна предност. Левески во финишот само го ублажи поразот на нашиот првак.

Шкупи го освои третото место во групата, второто му припадна на ерменскиот Лео, а последна е кипарска Омонија. Скопската екипа единствената победа ја забележа против Омонија.