Македонската фудбалска репрезентација денеска некаде на пладне стигне во Варшава, каде што го одржа и првиот тренинг. Македонија беше некомплетна поради повредата на Аријан Адеми кој вчера мораше да излезе од игра, а тој е заедно со селекцијата во полскиот главен град.

Оние кои вчера играа по 90 минути, како што се Алиоски, Николов, Несторовски и останатите, тренираа со помал интензитет.

Со оглед дека ова не беше официјален тренинг, беше одржан на друг терен, а утре екипата ќе тренира на Националниот стадион во Варшава.