По синоќешниот меч со Словенија и победата од 2:1 која не остави во трка за место кое носи на европското првенство 2020 година, Македонија утрово од скопскиот аеродром веднаш замина на нова мисија: Полска.

Со насмевки на лицата, нашите фудбалери заминуваат по нов предизвик, да се изненади лидерот во квалификациската група, кој во Скопје ни се „провлече“. Со тимот е и Аријан Адеми, кој вчера се пожали на повреда и мораше веднаш да замине на лекарски прегледи. Да се надеваме дека со него се ќе бид ево ред и ќе го имаме од првата минута за дуелот со Полјаците во Варшава.