Голем проблем за нашиот национален тим пред утрешната пресметка со Полска. Иван Тричковски не тренираше на официјалниот тренинг на репрезентацијата на Националниот стадион, и тој, најверојатно ќе го пропушти утрешниот меч со Полјаците.

Не тренираше ниту Аријан Адеми кој што исто така е повреден, и веројатно и тој нема да игра утре.

Ова се големи проблеми а селекторот Ангеловски ќе мора да го „крпи“ тимот за утрешната пресметка со првопласираниот во групата. Познато дека и Барди ќе го нема во средината, па од тука очекуваме рокади за утре, односно Николов да се врати во средниот ред, а на десната крилна позиција да оди Трајковски.

На мала повреда се жали и Влатко Стојановски кој тренира одвоено.