Репрезентацијата на Босна и Херцеговина конечно го покажа вистинското лице и на крајот ја демолира селекцијата на Финска со 4:1. Финците од стартот се ориентираа на чување на својот гол но не успеаја во тоа, затоа што по првото полувреме Босанците водеа со 2:0, а можеа и поубедливо. Иако без првата ведета Един Џеко, Босанците делуваа сигурно, капитенот Миралем Пјаниќ беше одличен и постигна два гола, а по еден Хајровиќ и Хоџиќ.

После оваа победа „змејовите“ се враќаат во игра за второто место во групата, а во вторник ги чека тежок испит во Атина против Грција која мора да ја победат доколку сакаат да ја продолжат надежта за ЕП но многу работи се и во рацете на Финска која се уште го држи второто место во групата.

Важен триумф во борба за ЕП впиша Данска против Швајцарија. На „Паркен“ во Копенхаген домашната селекција славеше со 1:0 со голот на Јусуф Поулсен во 84 минута.Данска има исто бодови со Ирска (по 12), а Швајцарија е трета со четири бода помалку но и меч помалку.

На другите мечеви Романија ги победи Фарските острови во гости со 3:0 со трите гола во последните 15 минути. Грузија и Ирска одиграа без голови.

БИХ – ФИНСКА 4-1
ДАНСКА – РОМАНИЈА 1-0