Кожуф и дефинитивно не се шегува. Попладне во Гевгелија, во рамките на 8.коло, со 6:1 успеа да слави над Питу Гули.Играч на мечот беше Алексакндар Трајчевски кој стрелаше тришати во мрежата на крушевчани. Па така со овие три бода, и со подобра гол разлика, барем до утре, Кожуф е лидер на табелата во Втората лига – исток. Во вториот меч попладнево, Кит Го со поквалитетна игра во текот на целиот меч, успеа со 3:0 да слави на гости во Каменица кај тимот на Саса. Головите за пехчевци ги постигнаа Дујовски и Пановски два. Вчера се играа мечевите Победа – Тиквеш 2:2 и Плаковица – Осогово 2:1, додека утре во Струмица се игра дербито меѓу вечните ривали Беласица и Брегалница.

 

РЕЗУЛТАТИ

САСА – КИТ ГО 0:3

КОЖУФ – ПИТУ ГУЛИ 6:1

УТРЕ:

БЕЛАСИЦА – БРЕГАЛНИЦА

ВЧЕРА:

ПЛАЧКОВИЦА – ОСОГОВО 2:1

ПОБЕДА – ТИКВЕШ 2:2

 

ТАБЕЛА

1.Кожуф 20, 2. Тиквеш 20, 3. Беласица (-1) 18, 4. Брегалница (-1) 14, 5. Кит Го 12, 6. Саса 7. 7. Победа 7, 8. Плачковица 7, 9. Осогово 3, 10. Питу Гули 3.