Експресна елиминација претрпе Пелистер во 2. коло од ЕХФ купот, откако со 21:33 (12:19) загуби од Винтентур во реваншот во “Боро Чурлевски” во Битола.

Јасно беше дека “зелените” многу брзо ќе се збогуваат од Европа, со оглед на тоа дека без шанси останаа минатиот викенд кога со 39:16 беа поразени во првиот меч.

Пелистер се обиде достојно да се одјави, но тоа му успеа само во воведните 15-тина минути, додека остатокот од мечот мина во знакот на ривалот.

Винтертур е потенцијален противник на Металург во третото коло од ЕХФ купот, како и на Бутел, доколку скопскиот тим утре во реваншот со ЗТР Запорожје ја одбрани предноста од четири гола од првата средба во “Кале”.