Македонскиот национален тим го одржа официјалниот тренинг на Националниот стадион во Варшава каде што утре ја очекува натпревар со фаворизираната селекција на Полска. Добар резултат ги зголемува шансите за пласман на Европското првенство 2020 година.

Полска е прва во групата и прв фаворит за местото број 1, додека останатите селекции, со исклучок на Летонија и можеби Израел, се борат за втората позиција.

Голем проблем за националниот претставува фактот што денеска некомплетен тренираше во Варшава. Недостасуваа Иван Тричковски и Аријан Адеми, кои веројатно отпаѓаат за утре, а исто така одвоено тренираше и Влатко Стојановски. Прашање е колку ќе може и Ристовски, со оглед дека играше со Словенија, но и натаму не е подготвен.

Имајќи во предвид дека пред мечот останавме без Велковски и Барди, ова се големи проблеми за Игор ангеловски и стручниот штаб.

Фотографии и видео од денешниот официјален теренинг на македонскиот национален тим.