Европскиот првак Вардар го пречекува германски Кил во големиот дуел од 4. коло во групата Б во Лигата на шампионите, а СЦ „Јане Сандански“ дефинитивно ќе биде ракометен епицентар вечерва.

Арената е комплетно распродадена, а поддршката за „црвено-црните“ ќе биде и тоа како голема.