Стефан Ристовски, десниот бек и заменик капитенот, утре ќе одбележи убав јубилеј. Имено тој, се разбира ако настапи, по 50-ти пат ќе го облече дресот на нашата најдобра фудбалска репрезентација и ќе влезе во друштво на оние играчи кои имаат по 50 настапи за Македонија. Фудбалерот на Спортинг Лисабон важи за еден од нашите најдобри фудбалери, во моментов има повреда, но стисна заби и играше со Словенија. Инаку тој во овој состав помалку настапи има само од Пандев, Тричковски и Трајковски, и се очекува да „влезе“ многу бргу на листата на топ-10 на играчи со најмногу настапи. А тие се…

1.Горан Пандев 106

2.Гоце Седлоски 100

3.Величе Шумуликоски 84

4.Артим Шаќири 72

5.Игор Митрески 70

6.Николче Новески 64

7.Петар Милошевски 59

8.Ванче Шиков 56

9.Иван Тричковски 56

10.Александар Трајковски 52