Еурофарм Работник ја запиша премиерната победа во Лигата на шампионите со триумфот над Кокс, 31:30, вечерва во “Боро Чурлевски”.

Одново неизвесен натпревар во кој победникот го одлучи еден гол, но разликата е што сега таа позитива беше за “фармацевтите”.

“Очекував тврд и неизвесен натпревар. Судено ни е сезонава да играме добро прво полувреме и да водиме, а потоа да им дозволиме на противниците да се вратат во игра. На крај имавме повеќе среќа и конечно победивме во овие неизвесни натпревари. Им честитам на моите ракометари за историската победа. Ние сме млад тим кој првпат се радува и убеден сум дека овој триумф не е последен. Немаше да биде незаслужено ако и гостите запишеа реми на денешниот натпревар“ , изјави стратегот на Еурофарм Работник.