Македонскиот клупски ракомет останува со само еден претставник Металург во ЕХФ купот откако по Пелистер и Бутел доживеа елиминација во 2. коло од ова европско клупско натпреварување.

Бутел не успеја да го издржи притисокот и да ја зачува предноста од четири гола која ја имаше од првиот меч во “Кале” (18:14) и претрпе пораз 29:24 (13:9) во реваншот со ЗТР Запорожје, кој значеше и крај на настанот во Европа.

Украинскиот вицешампион од почетокот на натпреварот влезе агресивно и во нападот и во одбраната, создаде комотна предност по само десетина минути игра (6:2, 10:5). За ракометарите на Бутел беше тешко, константно бркаа негатива или се трудеа истата да ја задржат на три-четири гола.

На полувреме заминаа со -4 гола 13:9, но во второто полувреме успеаја таа негатива да ја елиминираат, да изедначат на 20:20, но не издржаа до крајот.

Мирко Мајиќ со осум гола и Горан Печенковски со шест беа најефикасни ракометарите на Бутел.