Играчот за врска Џорџинио Вајналдум беше херој за Холандија на дуелот со Белорусија во Минск. Играчот на Ливерпул ги постигна двата гола во победата од 2:1 и со тоа на „лалињата“ им го донесе првото место на табелата со 15 бодови (5 победи и 1 реми). Во 32. минута Вајналдум го искористи нафрлувањето на Промес и го соблада белорускиот голман. Во 41 минута играчот на Ливерпул „распали“ од далечина и ја затресе домашната мрежа.

Белорусите намалија во 54. минута преку Драгун но тоа е се што направија на овој меч. Идниот месец Холандија ќе го игра клучниот меч за пласман на ЕП против директниот ривал Северна Ирска во гости. Во последното коло ќе се соочат со Естонија на домашен терен.

Белорусите одамна ги загубија шансите за место на Евро-шампионатот.