Висар Муслиу го стави во „шише“ Роберт Левандовски. Најдобриот голгетер на Полска не „мрдна“ од одбраната, а го спасија Франковски и Милик. Тој во 180 минутната пресметка со Македонија не постигна гол. Беше ставен и во „шише“ и на првиот меч во Скопје кога исто така не се виде.

И додека останатите дефанзивци, особено во Бундеслигата мака мачат како да го сопрат, тој рецепт го има Муслиу. Не му дозволи на полскиот „убиец“ да го види голот. Имаше само една шанса, кога шутираше непрецизно, и тоа е се што стори во двојната пресметка со нашата селекција. Сепак, треба да се напомене дека Левандовски беше асистент на голот на Франковски.