Македонскиот сон заврши во Варшава. Ако се потпираме на математиката, шансите за ЕП постојат, но мораме да се потпреме на реалноста.

Македонија загуби од Полска на гостински терен. Повторно се „протна“ и победи со два брзи гола, и повторно победата дојде од клупата како што беше во Скопје.

Можеби на теренот имаше вистинска „машка“ борба, бевме наполнети со картони. Поразот е заслужен, Полска претходно имаше пречка и статива, а нашата селекција само еден удар во првиот дел.

Сега останува само да се бориме за повисок пласман, за трето место и потоа Лигата на Нации да ја дочекаме во добра атмосфера.

Еве како изгледаше мечот низ фотографии: