Очекувано, Македонија стартува со 3-4-1-2 во Варшава. Со Елмас како полушпиц, и со Несторовски и Пандев во нападот. Во средината ќе го нема Аријан Адеми, а тука влегува Бобан Николов. На десната страна оди Ристовски, а во одбраната Бејтулаи заедно со Муслиу и Ристевски. Партнер на Николов ќе му биде Спировски, а лево оди Алиоски.

Полска, пак, наместо најавената 4-4-2 со Пјонтек и Левандовски, оди само со Левандовски и со 4-2-3-1. Меѓутоа тие тројца играчи се крајно офанзивни, па Полска ќе биде опасна. И на левата страна има измена, Река на местото на Рибус.