Поранешниот дефанзивец на Барселона и капитен на тимот, Карлос Пујол објасни зошто ја одбил понудата да биде директор на каталонскиот клуб. Управата се обиде да го задржи поранешниот фудбалер во своите структури, но Пујол не ја прифати понудата.

„Се наоѓам во една клучна фаза на развивање проекти со Данон, кои се поврзани со фудбалот и неговите вредности. Тоа е мрежна програма за родители кои сакаат да поминат време со своите деца. Ова е еден од проектите што ме натера да го отфрлам предлогот на Барселона. Возбуден сум и комплетно посветен на оваа работа“, призна Пујол.