Франција и Турција утре, во Париз, треба да одиграат квалификациски меч за ЕУРО 2020, кој резултатски нема да значи ништо со оглед на тоа дека и двете селекции во групата имаат по 18 бода (шест повеќе) од конкуренцијата Исланд и се практично пред пласман на Европското првенство.

Турските навивачи кои по победата над Албанија синоќа од 1:0 беа подготвени да ја поддржат својата репрезенација во Париз, добиле изненадувачки мејлови од Франција, во кои се вели дека поради „проблем на стадионот“ нивните билети се откажани. Притоа им се враќаат сретствата за купените билети, заедно со извинувањето.

Турските навивачи се навредени на ваквиот потег од Французите, со оглед на тоа дека два дена пред натпреварот остануваат без билети, а притоа имаат купено авионски карти и резервирано сместување.