Бугарскиот претставник Пирин од Разлог е освојувач на првото издание на меморијалниот меѓународен турнир „Горан Панов – Близнако“, кој викендов во организација на македонскиот шампион Џио Струмица се одржа во салата „Парк“ во Струмица.

Разлог во финалето со 3:0 (25:23, 25:23, 25:19) го совлада нашиот носител на двојната круна и дојде до премиерниот трофеј.

Избраниците на Кирил Ричлиев одиграа одлични два сета во кои малку им недостатуваше да му дадат поинаков тек на работите.

Третото место му припадна на црногорски Будуќност, кој со 3:1 (15:25, 25:17, 25:17, 25:10) го совлада Борац од Бања Лука, БиХ.

Претходно во полуфиналето Џио Струмица со 3:0 (25:22, 25:21, 25:17) го победи Борац Бања Лука, додека Пирин до финалето дојде со победата над Будуќност од 3:1 (25:17, 22:25, 25:23, 25:20).