Зоран Кастратовиќ е нов тренер на Металург.

Поранешниот тренер на македонскиот првак Вардар, како и на женскиот тим Кометал Ѓ.П и селекторот на женската репрезентација на Македонија седнува на клупата на тимот од Автокоманда.

Откако пред неполн месец незадоволни од резултатите од почетокот на сезоната „металурзите“ одлучија да се разделат од Дамир Стојановиќ, Кастратовиќ е човекот кој ќе ја превземе оваа функција и ќе го предводи тимот и во ЕХФ купот, за кој Металург утре го добива првиот противник.

Кастратовиќ е најдоброто решение за клупата на Металург во моментов, стратег со искуство, кој одлично ги познава и македонскиот и европскиот ракомет и кој во својата кариера бил селектор и на машките национални тимови на Црна Гора и Иран.

Кастратовиќ и Металург се договориле на две годишна соработка.