Утринава нашата млада репрезентација до 21 година, на терените на ФФМ, во одлична атмосфера и со верба во себе, го одработи последниот тренинг пред утрешниот дуел со Казахстан. Тоа ќе биде трет меч за нашите момци во таа Група 6 во квалификациите за ЕВРО 2021. Досегашниот биланс на избраниците на селекторот Благоја Милевски е импресивен, два меча и две победи, гол разлика 9:2. Доволно за моментално првото место во групата во конкуренција на Шпанија, Казахстан, Ф. Острови, Црна гора и  Израел.