Во пресрет на октомвриските обврски во квалификациите за ЕУРО 2020 водечките селекции на табелата во Групата Х Франција и Турција имаа идентичен биланс од по шест победи и еден пораз. Турците на 11. јуни паднаа на Исланд, гостување кое им предизвика кошмари, и тоа само три дена откако на „триколорите“ им го нанесоа вториот пораз откако го освоија Мундијалот во Русија. На тој меч во Коња избраниците на Шенол Ѓунеш ги надиграа Гризман, Мбапе и другите ведети на Дидие Дешан и нивните триумф дури можеше да биде поубедлив, со оглед на тоа дека гостите влегоа во мечот по принципот: „ќе биде лесно, сите претходни четири меѓусебни дуели ги добивме без мака“.

ЕУРО 2020 – Квалификации (група Х, 8. коло)

ФРАНЦИЈА – ТУРЦИЈА
понеделник 20.45

Наши предлози
КМБ      1&3+
ДП 11
* Квотите подлeжат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА МЕЧОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ

Таа шлаканица сигурно ги опамети, па ќе направат се што е во нивна моќ да се реваншираат и да се приближат до ЕУРО – а сериозните и мотивирани Французи се машина за победување.

Факт е дека Дешан има многу проблеми околу составувањето на тимот поради повреди, пред сите голманот и капитенот Иго Јорис и централниот играч за врска Пол Погба. Меѓутоа, светскиот шампион може да направи најмалку три првокласни тимови, па отсуството на двоецот не би требало премногу да се почувствува. Од друга страна, Ѓунеш нема да смета на Џенгиз Ундер поради повреда, а за него засега нема адекватна замена. Притоа, наклонетоста на „Црвените“ на тоа клучните натпревари да ги одиграат најлошо ги зголемува шансите за ефикасна единица, попрецизно за КМБ 1&3+ и ДП 11.