Претстојниот викенд на програмата е 10. коло во ПМФЛ или прво од втората фаза во тековниот шампионат. Мечевите се играат во сабота, а дербито во Тетово, меѓу Шкендија и Академија Пандев е закажано за ден порано, во петок со почеток од 14:30 часот. Овој дуел се игра порано поради преносот на ТВ на Арена спорт и МРТВ. 

Сите останати мечеви се играат во сабота исто со почеток од 14:30 ч, а се среќаваат Силекс – Ренова, Работнички – Струга Трим Лум, Борец – Шкупи, Македонија ЃП – Вардар.

Лидер на табелата е Вардар со 20 бода, два повеќе од Академија Пандев.