Белгиската фудбалска федерација денеска му изрече максимална парична казна на тимот на Андерлехт во висина од 5000 евра, поради тоа што тренерот на тимот, Венсан Компани, ја нема потребната лиценца за да води клуб во белгиската фудбалска елита. И покрај предупредувањата од Белгиската федерација, Андерлехт не отстапи од назначувањето на Компани за прв тренер на тимот.

Покрај оваа казна на бриселскиот клуб му е наредено да ги почитува прописите за квалификациите на тренерите, затоа што во спротивно лиценца за сезоната 2020-2021 „ќе биде одземена“.

Минатата недела, Андерлехт се обиде да докаже дека поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити  не е нивен прв тренер, со тоа што како прв стратег го прикажаа Френки Веркаутерн кој се врати да работи во клубот.