Иако мина само еден месец од УФЦ борбата во која ја одбрани светската титула, страшниот Дагестанец Хабиб Нурмагомедов е пред нов предизвик. Тој најверојатно на почетокот на следната година ќе се бори со Тони Фергусон, според многумина само тој има каква такви шанси со миленикот на Владимир Путин. Иако сме веќе есен, а познато е колку во Русија е студено и сега, Хабиб нема гајле. Тој тренира и плива во ледена река.

„Иако денеска е многу ладно, на Хабиб тоа не му пречи. Тој плива во ледена вода. Тони, во проблеми си“ порачаа од струшниот штаб на Нурмагомедов.

Инаку постои шанса таа  борба да се одржи во Санкт Петербург, и тоа на стадионот на Зенит пред 80.000 гледачи. Е тоа ќе биде спектакл.