Во послендиот меч од 8. коло во нашата квалификациска група за ЕП 2020, репрезентацијата на Израел вечерва славеше над Летонија со 3:1. Израелците беа големи фаворити и пред мечот, а тоа го потврдија на дуелот во Бер Шева.

За домашните, Дабур отвори уште во 16. минута за предност од 1:0, додека Захави во 26. минута зголеми и на 2:0. Летонците успеаја во 41. минута да намалат на 2:1, додека конечните 3:1 ги постави Дабур со вториот гол во 42. минута.

Со оваа победа, Израел дојде до 11 бода и се израмни со нас и со Словенија на 3. место на табелата.

Standings provided by Sofascore LiveScore