Пишува: Зоран Ѓоршоски

Летниот преоден рок во ПМФЛ мина во знакот на Хуан Алвес Рибеиро Фелипе. Бразилецот беше трансфер „бомбата“ под Шара, и поради фактот дека од Вардар се пресели во лутиот ривал Шкендија. Тетовци ликуваа, вардарци беа гневни. Се чинеше дека шампионот направи супер потег, но само се чинеше. По само 3.5 месеци престој во Шкендија, учинокот на некогаш еден од најдобрите играчи во ПМФЛ, еден од најдобрите странци кои играл за Вардар, некогаш најскапиот фудбалер во елитата, е ОЧАЕН, буквално ОЧАЕН. Како прво беше тотално неспремен, можеби и затоа во Европа брзо се вклопи во сивилото на целата екипа. Под Шара велеа, ајде, можеби во првенството ќе биде вистинскиот Фелипе. Но, ни сега не е тоа, тоа.Од девет средби, тој играл или влегол во игра на седум, и има само две асистенции. ОЧАЈ…

Уште пострашно е тоа што на последните четири меча, го сметаме и оној во купот со Вардар, Бразилецот седеше на клупата. Со Вардар во Тетово целото дерби го преседи на клупата, исто и со Струга Трим Лум, на Чаир влезе во 45.минута и тогаш неговиот тим одигра екстремно слабо, затоа и загуби. Можеби требаше тогашниот стратег Селими воопшто и да не го става.

И сега што? Ќе видиме дали новиот тренер Ернест Ѓока ќе може нешто да искористи од квалитетите на Фелипе кои се неспорни, ќе видиме.

Затоа на крајот се поставува прашањето дали Шкендија го купи Фелипе само за да и биде „лична“ клупата. Се разбира дела во клубот не е им е до смеење, многу пари се фрлени за овој трансфер, буквално фрлени. Да не го говориме дека загубата е двојна. Со Фелипе во тимот Шкендија не доби на квалитет, напротив, а втората загуба е дека дел од помладите кои требаше оваа сезона да „експлодираат“ се надвор од првиот тим, само поради тоа што Фелипе има предност, или барем имаше предност.

Ова нека биде голема школа за сите во Шкендија. Овој трансфер и дефинитивно е големо, големо промашување.

Имено на Шкендија не и требаше Фелипе за да победува со Силекс, Борец, Струга Трим Лум и останатите, и требаше за влез во групна фаза во ЛЕ.

Но некои грешки може да се поправат, се наближува декември-јануари, тогаш ќе треба да се реагира и да се направи вистинскиот потег.