Новиот предводник на ракометарите на Металург, Зоран Кастратовиќ, вечерва го имаше првиот тренинг со својт нов клуб. Откако вчера беше назначен за тренер на „металурзите“, тој денеска се зафати со работа, полека да го подготвува младиот тим од „Автокоманда“ за новите предизвици, особено во 3. коло од Купот на ЕХФ, каде Металург за противник го доби словенечки Горење.