Во рамките на групата „6“ во квалификациите за ЕП 2021 во која се наоѓа и нашата фудбалска селекција за играчи до 21 година, вечерва репрезентациите на Шпанија и Израел обезбедија нови победи. Шпанците имаа за нијанса потешко гостување во Црна Гора, но успеаја да го решат со по еден го во двете полувремиња и победа од 2:0.

Главниот фаворит за првото место во групата, на гостувањето во Подготица поведе со голот на Бунуел во 34. минута, а точка на победата стави Куку во 62. минута. За Шпанија ова беше трета победа во третиот меч во квалификациите со што убедливо го запоседна првото место на табелата, пред нашата селекција која има 7 бодови.

Израелците кои вечерва ја совладаа селекцијата на Фарските Острови со 3:1 го одиграа само вториот меч во квалификациите и по победата над Казахстан сега славеа и против објективно најслабата селекција во групата.

Standings provided by Sofascore LiveScore